Вести Македонија Топ вести

Повикани како статисти, но не и да предлагаат решенија за своите животи – пациентите со цистична фиброза на средба во Министерството за здравство

Повикани на средба само да бидат присутни, но не и да предлагаат решенија за својот живот. Пациентите со цистична фиброза ќе ги чекаат законските измени во Собрание, за да го добијат лекот „Трикафта“. Засега лекот ќе се набавува интервентно, но само за осумте најкритични заболени. Преговорите за интервентната набавка на „Трикафта“, според информации на Телма, се завршени меѓу Детската клиника, каде ќе се лекуваат, и македонскиот претставник на фирмата Вертекс.

Преговорите за првата интервентна набавка на лекот, според информации на Телма, завршиле со договорена цена која е пониска од 300.000 евра. Максималниот рок за пристигнување на првата „Трикафта“ во Македонија е еден месец, иако и болните и надлежните клиники се надеваат дека ќе пристигне за две недели.

За да се овозможи директна набавка на лекот „Трикафта“ од производителот Вертекс, мора да се изменат три закони и да се дозволи државата да преговара директно со фирмата-проиводител Вертекс која го има и патентот. Премиерот Ковачевски денеска повтори дека ќе има измени, но не прецизираше дали се готови законските измени, ама веќе побара од пратениците да го подржат законот. Истото го кажа и кога почина 45-годишниот Благојче Илиевски, минатата недела.

Една недела подоцна, предлог законите не се напишани за да стигнат до Парламентот. Во Собранието во тек е реконструкција и разрешување на министрите кое не се знае кога ќе заврши. Владата ги пишува законските измени и ги испраќа до Собранието, а тие поминуваат низ надлежните комисиии и тогаш се гласа. Таа процедура не е ни почната, а кога ќе почне во Собрание, спасот на болните е оставен во рацете на пратениците.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

„Да не го напуштаат живеалиштето, да им се одземат пасошите“ – Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројцата тепачи на малолетник во Ченто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе