На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален.
Од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
Според неофицијални информации од службениците на граничниот премин шест возила од Бугарија се заглавени на пасошка контрола, наводно станува збор за системнски проблем кој го оддолжува нивниот влез во земјава. А во меѓувеме две возила се вратени во Бугарија, а според информациите на нашиот репортер на терен возилата се вратиле назад во Бугарија самоиницијативно. Според неофицијални инфомрации во едно од возилата кои се вратиле бил и Виктор Стојанов од Фондација „Македонија“, кој што е организатор на групата Бугари кои што сакаат да присуствуваат на чествувањето Гоце Делчев во Скопје.
Околу еден час трае задржувањето на возилата од бугарска страна на граничниот пртемин Деве Баир.

Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Северна Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не в
легоа во државата низ овој граничен премин.
Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.
Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.
