Вести Најважни Свет

Иран тврди дека е нападнат: Воздушни удари во Исфахан, мета фабриката за дронови Шахид

Засега непознати дронови, за кои првично се верува оти се камикази, ноќеска извршиле напади на неколку локации во Иран, меѓу кои и во Исфахан, каде е погодена фабрика за муниција и за производство на дронови Шахид.

Воздушни удари биле извршени во неколку провинции во земјата. Небото над Техеран го надлетуваат борбени авиони на иранското воено воздухопловство, додека во градот се активирани сирени за опасност од нови напади.

Веднаш е свикан иранскиот Совет за национална безбедност, а властите го повикаа народот на воздржаност.

Засега никој не презема одговорност за нападите. Телевизија Ал Арабија, пак, тврди  дека зад нив стои Израел.

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека еден дрон бил соборен, а други два завршиле во одбранбени замки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе