Вести Македонија Најважни

Џамбаски му се заканува на Пендаровски со атентат?!

Му се закани ли Ангел Џамбаски со атентат на Пендаровски? По барањето, бугарски европратеник  да биде прогласен за персона нон грата, Џамбаски, кој се препозна себе си, индиректно го потсети претседателот на судбината на кралот Александар Караѓорѓевиќ , кој бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски.

Џамбаски на социјалните мрежи веќе се чекираше во црквата Свети Спас и се пофали дека, на 4 февруари, ќе дојде во Скопје.

Пендаровски, познат и како Стево Коминтерната, кажал дека ќе ми забрани да се поклонам пред саркофагот на бугаринот Гоце Делчев! Таква мила покана не можам да одбијам. Стево, те чекам да дојдеш, напиша Џамбаски на фејсбук.

Дали некој ќе го спречи во намерата и ќе биде вратен од граница, министерот за внатрешни работи сѐ уште не открива.

Ќе одлучиме на 4 февруари, кусо одговори.

Спасовски вчера беше задолжен од владата, во соработка со АНБ, да преземе мерки за зачувување на безбедноста и стабилноста.

Министерот Османи, пак, предлага да се воведе нов принцип за да се прекине циклусот на навреди и омаловажување од лица кои го злоупотребуваат гостопримството на државата.

На секој што упати навреди кон државата, македонскиот народ или која било етничка заедница, веднаш да му се забрани влез, предлага Османи.

Претседателот Пендаровски предложи да се забрани влез на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и на еден пратеник во Европскиот парламент. Иако не го спомна по имеАнгел Џамбаски, во одговор на новинарско прашање не негираше дека се работи токму за бугарскиот европратеник, кој неодамна беше во Скопје на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева и среде Скопје изјавуваше дека Македонија е бугарска.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе