Седумдесет и двегодишен маж од азиско потекло е осомничен за масакрот во студио за танци во близина на Лос Анџелес викендот во кој беа убиени 10 луѓе. Тој е идентификуван како Ху Кан Тран (72) кој подоцна бил пронајден мртов во бело комбе.
„Имаше рана од огнено оружје и прогласен е за мртов на лице место“, рече шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Лун.
Пукањето се случило во градот Монтереј Парк, 11 километри од Лос Анџелес во кој живеат околу 60.000 жители, главно луѓе од азиско потекло кои ја прославувале Кинеската Нова година. Покрај десетте убиени луѓе, повредени се уште толку од кои седуммина се хоспитализирани.
Полицијата сè уште ги истражува мотивите за масовното пукање, едно од најсмртоносните во историјата на Калифорнија.
