Вести Македонија Најважни

Столтенберг: Сојузниците се засилени, но има уште да се направи за Украина – Телма во Букурешт на состанокот на министрите за надворешни

Рускиот претседател Владимир Путин ја користи зимата како оружје за војна во Украина, изјави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.

Одбранбениот сојуз вети непоколеблива поддршка на Украина додека Русија продолжува да ја таргетира украинската инфраструктура. Столтенберг пред новинарите рече дека сојузниците на Украина се засилени, но дека треба да се направи повеќе – „и за да и се помогне на Украина да ја поправи критичната инфраструктура, но и да се справи со самите напади со обезбедување повеќе системи за противвоздушна одбрана“.

Додаде дека  „Не е сè до додавање повеќе оружје, туку да се осигураме дека оружјето обезбедено од сојузниците на НАТО може да ги собори дојдовните руски ракети и беспилотни летала“.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, денеска и утре во Букурешт треба да ги договорат идните чекори со кои Алијансата и политички и воено-технички ќе ја поддржи Украина. Министерот Османи, на влегувањето пред почетокот на Состанокот, рече дека Македонија останува голем поддржувач на Украина во војната против Русија.

За Телма од Букурешт известува Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе