Македонија

БРИМА: Расте стравот кај граѓаните од можноста за зараза од Ковид – 19

Се зголемува стравот меѓу граѓаните дека лично или член на нивното семејството може да биде заразен со Коронавирус покажува истражувањето на GALLUP INTERNATIONAL ASSOCIATION кое беше спроведено во 19 земји, вклучувајќи ја и Македонија.  Во исто време се поделени и мислењата дали животот ќе се врати во нормала во 2021 година.

Зголемениот страв кај македонските граѓани поради можноста да бидат заразени со Ковид 19 според истражувањата на Брима Галуп во кои беа опфатени 1203 испитатаници се должи на наглиот пораст на епидемиската крива во периодот кога бројот на заразени со Ковид 19 во земјава се искачи на троциферен и го достигна максимумот од почетокот на кризата, додека мерките и рестрикциите се олабавуваа.

Забележан е пад од 65 % во март на 48% во јуни се забележува и кај подршката на народот за тоа како властите се справуваат со Коронавирусот, силно поларизирајќи ја јавноста  дали надлежните институции  се способни да ракуваат со кризата. 57 % сметаат дека пандемијата сеуште не е под контрола.

Зголемениот број заразени со Ковид 19 во Македонија за само неколку месеци драстично го намалил бројот на скептиците кои на почетокот на пандемијата веруваа дека заканата од Ковид 19 е претерана. Јавноста е поделена и во ставот  дали животот ќе се врати во нормала. Ваквиот песимизам за иднината  според истражувањата на Брима Галуп  е уште повеќе загрижувачки  имајќи го предвид фактот дека дури 57 % испитаници кај нас во јуни изјавиле дека нивниот семеен приход се намалил по појавата на пандемијата која го парализираше речиси целиот свет.

Мнозинството земји кои се опфатени во ова истражување на GALLUP INTERNATIONAL ASSOCIATION  се согласуваат во однос на едно прашање – финансиското влијание. Најоптимистични се се оние во Казахстан, Бугарија, Малрезиаја и Пакистан, додека најзагрижени за финансиското влијание се Јапонија, САД и Велика Британија.

Истражувањето на Галуп Интернешнал е спреведено во 19 земји низ целиот свет, во текот на првите две недели на јуни годинава, преку телефон или онлајн.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе