Вести Македонија Топ вести

Пожарникарите – доброволци на терен, без дневници и пари за опрема и возила

Топлото време ги подгреа огнените стихии. Депониите и сувата трева се најчеста причина и мета на пожарите на отворено. До 13 часот се регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е се уште активен, на местото викано Пармакови Ниви кај Куманово, додека пет се изгаснати.

Секое лето повторно се отвора прашањето колку државата е подготвена да се справи со огнените стихии. Минатата година илјадници хектари земјиште беа зафатени од пожари, а покрај пожарникарите, во нивното гаснење учествуваа и припадници на полицијата и Армијата. Засега тие нема да бидат ангажирани, се додека не се појави потреба како лани. Во моментов на терен ќе дејствуваат професионалните противпожарни екипи и доброволните противпожарни друштва, кои располагаат со по неколку десетици оперативни пожарникари.

„Најголемите предизвици, се надевам дека ќе се сложат и колегите, се системските пропусти кои не мачат. Финансирањето, обезбедувањето на опрема, увозт на возила, увозот на опрема. Овде сме оданочени, плаќаме данок и мислам дека сетоа тоа треба сериозно државата да се зафати и да ги отклони сите овие препреки кои и те како ни создаваат проблем во нашето работење“, вели Златко Илиев доброволно противпожарно друштво во Кочани

„Ние работиме без пари освен оние кои што се во тимовите за брз одговор, ние единствено бараме средства и финансии за да можеме да ги оддржуваме и сервисираме нашите возила, да набавуваме опрема, да набавуваме храна. Самите кога вршиме обуки, кога си правиме вежби за да можеме да ги истрпиме тие финансиски издатоци и затоа бараме средства за да можеме да го одржуваме. Рачунајте девет возила имаме, за регистрација, за сервис. 40 оперативни пожарникари барем една маица да им земеме и да им дадеме барем една нормална работна униформа“, рече Александар Ангелевски доброволно противпожарно друштво Архангел во Битола

Со предложениот ребаланс на Буџетот, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, очекува да бидат обезбедени повеќе средства за справување со пожарите. Ова лето се предвидени повеќе пари за исплата на дневници на тимовите за брз одговор, составени од доброволци. За доброволните противпожарни друштва засега нема посебна финансиска поддршка, но Ангелов ги повика сите доброволни пожарникари кои не се дел од тимовите за брз одговор да се приклучат во системот преку своите друштва.

„Тимовите кои не се во брз одговор се отворени, тоа го зборувавме на денешната работна средба. Побарав од нив доколку има доброволци кои не се дел од тимовите за брз одговор истите да дојдат и тоа веднаш, денес,утре, задутре ќе потпишам договор со нив. Вратите на дирекцијата се широко отворени за сите доброволни пожарникари кои што не се дел од тимовите за брз одговор на ДЗС. Дојдете ќе потпишеме договор, но се разбира тоа треба да биде направено преку доброволните противпожарни друштва бидејќи мојата цел е развој на противпожарните друштва. Единечно доаѓање не прифаќам“, рече Стојанче Ангелов директор на ДЗС

Во државата функционираат околу сторина доброволни противпожарни друштва,а  активни се десетина. Според проценките на Дирекцијата за заштита и спасување, потребни се најмалку 120 оперативни доброволци кои, доколку има потреба, би ги замениле полицајците и припадниците на Армијата во справувањето со пожарите.

Од 1 јули во сила е забрана за движење во шумите.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложени мерки за претпазливост за тепачите на малолетник во Чаир

Дејан Дејан

На Барутана ќе се градат приватни домови ама помалку од претходниот ДУП – велат од Општина Центар по обвинувањата од „Шанса за Центар“

Tea Dimkovska

Колку сум заслужил, толку испрати – пораки меѓу советник во Министерството за економија и газдата на Пулс откриваат како дискотеката добивала лиценци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе