Андони Ираола и официјално е нов менаџер на Ливерпул. Шпанскиот стратег потпиша двегодишен договор со „црвените“ и го наследува Арне Слот, кој заработи отказ по слабата сезона.
Ираола доаѓа од таборот на Борнмут, каде импресионираше во изминатите три години. Минатата сезона го одведе тимот до прв историски пласман во Европа, откако заврши на шестото место во Премиерлигата, иако клубот во меѓувреме редовно ги продаваше своите најдобри играчи.
Шпанецот речиси целата играчка кариера ја мина во Атлетик Билбао, а тренерската работа ја почна во АЕК Ларнака. Потоа во Шпанија ги водеше Мирандес и Рајо Валјекано, пред во летото 2023 година да го преземе Борнмут.
Ираола сега добива најголем предизвик во тренерската кариера, бидејќи ќе треба да го врати Ливерпул во битката за најголемите трофеи по разочарувачката сезона под водство на Слот.
