Вести Македонија Топ вести

Затворена една лента од бул. „Теодосиј Гологанов“ поради камионите со кои се затрупува градежната јама- граѓаните нервозни, инженерите со предлози

Развлечени и искинати кабли, жители со проблеми со интернет и телевизија, и затворена една лента од булеварот „Теодосиј Гологанов“ за да им се овозможи на камионите полни со земја да ја затрупаат градежната јама на градилиштето кое минатата недела го проголта тротоарот и дел од коловозот на улица Христо Смирненски во центарот на Скопје.

Вака денеска изгледа градилиштето на булеварот Теодосиј Гологанов по одронот од пред една недела од кој багеристот едвај извлече жива глава.

Паднатата канделабра покажува дека уличното осветлување се уште не функционира. Екипата на Телма денеска ги забележа камионите кои истураа земја во дупката.

При затрупувањето, вчера повторно биле скинати кабли кои ги оставиле жителите без струја.

  • „Не е безбедно овде. Надлежните треба да водат повеќе ред. Ние и да сакаме ништо не можеме да направиме“
  • „Треба да има некоја регулација, не кој каде стигне да гради зграда“
  • „Ова е невидено нешто. Немам што да кажам“, велат граѓаните пред камерата на Телма.

Ова е само еден од низата случаи, кои алармираат за хаосот во градежништвото, потенцира професорот од Градежен факултет, Горан Марковски. Штета трпи целиот град, но најмногу оние кои живеат во непосредна близина на градилиштата.

  • „Ваквото диво градење во градежништвото го загрозува и основното човеково право за нормален и здрав живот. Голема бучава, работа и во неработни денови, нехигиена при поставување на тоалети на јавни површини, заградување на тротоарите“ -Горан Марковски, професор на Градежен факултет.

Непочитувачите на законот мора да се казнуваат, порача професорот Марковски, кој предлага решение за состојбата со малиот број инспектори.

  • „Треба да воведеме дигитални инспектори, односно да секој инвеститор има обврска пред почеток на градбата да постави камери на своето градилиште, а сликата да биде достапна до инспекторите во општините“ – Горан Марковски, професор на Градежен факултет.

Веднаш по инцидентот, експертите констатираа дека на градилиштето немало заштита според техничката документација и немало стручен надзор на терен кој можел да реагира навреме. Неправилноти утврди и Општина Центар и соопшти дека се изречени најстроги законски казни и санкции, согласно Законот за комунални дејности, но не кажа за какви казни станува збор.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе