Вести Економија

Бучински: Институциите треба да ги штитат чесните производители, а не големите корпорации кои манипулираат со квалитетот

Претставникот на здружението „Пелагониско поле“, Борче Бучински, во гостувањето во емисијата „Директно“ изнесе сериозни обвинувања на сметка на големите млекарници во земјава, тврдејќи дека потрошувачите пијат млеко со сомнителен квалитет, додека домашните производители се на работ на егзистенција.

Според Бучински, млечниот сектор во Македонија е под силно влијание на странски капитал, што овозможува лесен увоз на млеко од странство, но главниот проблем лежи во тоа што се додава во финалниот производ.

Бучински алармира за огромниот расчекор помеѓу количините на откупено сурово млеко и она што завршува на полиците во маркетите.

  • „Тие ако откупиле еден тон млеко, денес ни пласираат два тони во маркетите. Сами знаеме колку една млекарница влече млеко, има белешки од производителите. Само компјутерот да го проверат, ќе видат колку млеко влегле, а колку млеко излегле“, вели Бучински.

Тој директно ги обвини млекарниците дека за да го зголемат профитот и количините, користат состојки кои не му припаѓаат на природното млеко. Наместо квалитетен производ, тој тврди дека граѓаните купуваат мешавина од вода, млеко во прав и палмини масти.

  • „Ќе ги жалиме за тоа што продаваат вода, што продаваат прашоци, што продаваат палмини работи? Не се ни чесни, ни чисти“, дециден е Бучински, додавајќи дека институциите треба да ги штитат чесните производители, а не големите корпорации кои манипулираат со квалитетот.

Додека цените во маркетите остануваат високи, цената по која се откупува млекото од домашните сточари постојано паѓа. Бучински прашува зошто, ако веќе се тврди дека има вишоци или дека пазарот е преплавен, цената за крајниот потрошувач не е драстично намалена, додека производителот е платен под секое достоинство.

„Млекото (откупната цена) оди надолу, 24 денари. Па зошто во маркетот не е 24 денари намален литар млеко? Тоа лично сакам да прашам“, заклучува тој.

Овие тврдења отвораат сериозни прашања за работата на инспекциските служби и потребата од итна проверка на тоа што навистина содржат млечните производи на македонскиот пазар.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе