Вести Македонија Топ вести

Деветнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.

Како што информираат од министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата учествувале патничко возило „Ауди А4“ управувано од Н.Х. (31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф. (19) и „ХГонда ХДВ“ управуван од Н.Б. (21), двајцата од Скопје.

Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп лут на Канада – ако правилно ги управуваа своите шуми, немаше да има пожари

Igor Trajkov

Туфегџиќ: Уништување или оштетување на јавни инсталации треба да биде појдовна основа во истрагата за Гостивар

Sasko Dimovski

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе