Останато Спорт

Андреас Трајковски освои златен медал: Во Монако ечеше македонската химна (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар и член на АК Работнички, Андреас Трајковски го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји што денеска се одржа во Монако на стадионот „Луј Втори“.
Андреас победничкиот резултат го постави во втората серија кога прескокна 7,62 метри. Поради грчеви во мускулот беше принуден да го прекине настапот и да не ги изведе преостанатите скокови, но и покрај тоа неговиот резултат остана недостижен за конкуренцијата.
Сребрениот медал го освои Мухамет Кнџели од Албанија со прескокнати 7,46, додека Андреас Мачалекидис дојде до бронзата со резултат 7,33 метри.
Ова е уште еден значаен меѓународен успех за македонската атлетика и потврда за континуитетот на Трајковски, кој и оваа сезона продолжува со одлични настапи на меѓународната сцена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе