Вести Свет Топ вести

Џеј Ди Венс: САД и Иран се блиску до договор

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД и Иран се „многу блиску“ до постигнување договор за продолжување на примирјето, но дека сè уште постојат неколку спорни точки. Според него, преговорите продолжуваат околу деталите поврзани со иранската нуклеарна програма и збогатувањето на ураниум.

Според американски медиуми, предложениот договор би предвидувал продолжување на прекинот на огнот за дополнителни 60 дена, како и отворање разговори за иднината на иранската нуклеарна програма.

Во пакетот наводно се вклучени и олеснување на санкциите кон Иран, повторен извоз на иранска нафта и непречен поморски сообраќај низ Ормутскиот Теснец.

И покрај оптимистичните изјави од Вашингтон, иранските медиуми објавија дека договорот сè уште не е финализиран.

Меѓувреме, двете страни продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за прекршување на кревкото примирје, додека американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека воена опција и понатаму останува „на маса“ доколку разговорите пропаднат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГОБ „8 Септември“ пријави голема материјална штета од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трамп најави силно бомбардирање на иранскиот подземен нуклеарен објект „Копач“

Igor Trajkov

УХМР: Големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе