Оклахома го искористи домашниот паркет и поведе со 3-2 против Сан Антонио во финалето на Западната конференција во НБА-лигата.
Тандер славеше победа од 127-114 против Спарс во петтиот натпревар од меѓусебната серија. Шеи Гилџеус-Александер ги предводеше домашните кошаркари со 32 поени, а Алекс Карузо беше одличен од клупата со 22 поени.
Стефон Кесл беше најефикасен во редовите на Сан Антонио со 24 поени, Џулијан Шампени реализираше 22, додека првата ѕвезда Виктор Вембањама го заврши натпреварот со 20 поени, но имаше слаб шут од поле со само четири погодени од 15 обиди.
Шестиот натпревар се игра во Сан Антонио во петок рано наутро во 2:30 часот. Тандер со победа ќе се квалификува во големото финале, каде што веќе чека Њујорк.
