Вести Најважни Свет

САД и Иран блиску до договор за завршување на војната

Американските и иранските преговарачи имаат добар предлог на маса, порача американскиот државен секретар Марко Рубио, по информациите во текот на викендот дека Техеран и Вашингтон значително ги приближиле ставовите во преговорите за ставање крај на конфликтот на Блискиот исток.

Рубио изрази оптимизам дека уште денеска може да пристигнат добри вести од преговорите, сепак нагласувајќи дека останува уште работа.

Сѐ уште се работи. Како што реков, мислевме дека синоќа ќе имаме некои вести, можеби денеска. Не би очекувал премногу, потребно е време да добиеме одговор. Значи, имаме прилично солиден предлог на маса, во смисла на нивната можност да го отворат теснецот, да се отвори теснецот, да влеземе во едни вистински, значајни, временски ограничени преговори за нуклеарните прашања, и се надевам дека ќе успееме. Предлогот има широка поддршка во Заливот, голема поддршка глобално. Сите земји кои ги брифиравме сметаат дека не само што е многу разумен, туку дека тоа е и вистинската работа за целиот свет. Како што рече и претседателот, не се брзаме, нема да постигнеме лош договор, претседателот нема да постигне лош договор. Затоа, да видиме што ќе се случи, изјави рубио од индија, каде што се во официјална посета.

Многу малку детали се познати од предлогот, освен тоа дека примријето ќе биде продолжено за 60 денови.

Отворени прашања остануваа околу Ормускиот теснец, каде Соединетите држави бараат враќање на претходната состојба, односно слободен премин без никакви такси и органичувања за сите трговски бродови, а Иранците инсистираат дека тоа се нивни територијални води и тие имаат суверено право да ги контролираат.

Нуклеарната програма е уште едно прашање каде засега, барем според јавните настапи на претставници и од двете страни, се чини дека сѐ уште има разлики во ставовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе