Странските инвеститори алармираат дека бавната администрација станува сериозна пречка за бизнисот во земјава. Од германската стопанска комора велат дека компаниите предолго чекаат работни дозволи за странски кадар, а за дел од фирмите доцни повратот на ДДВ и исплатата на државната помош.
Бизнис заедницата бара владата да назначи едно одговорно лице или институција што директно ќе ги решава проблемите на инвеститорите, со цел да се избегнат административните блокади со кои, според нив, се отежнува работењето на странските компании.
Администрацијата е проблем за којшто инвеститорите и компаниите во земјава посочуваат веќе долги години.
(Во германската стопанска комора не учествуваат само фирми од Германија, туку и австриски, но и локални комапнии.)
