Вести Свет Топ вести

Зеленски: Неправедно е Украина да биде членка на ЕУ без право на глас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот.

Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на учество во гласањето. Според Мерц, ова е замислено како привремена фаза кон полноправна интеграција, што воедно би ги олеснило напорите за завршување на војната со Русија, која трае веќе петта година.

Во одговорот на ваквиот предлог, Зеленски нагласува дека по падот од власт на унгарскиот премиер Виктор Орбан по парламентарните избори одржани на 12 април – кој беше голем противник на евроинтеграцијата на Киев – се отворила реална можност за суштински напредок во преговорите за пристапување.

Неправедно е Украина да биде присутна во Европската Унија, а да остане безгласна. Сега е вистинскиот момент да се напредува по прашањето за полноправно и содржинско членство на земјата, дециден е украинскиот претседател.

Писмото е адресирано до претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен, како и до Никос Христодулидис, претседателот на Кипар – земјата која во моментов претседава со Советот на ЕУ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе