Вести Македонија Топ вести

Реакции за писмото на Мерц за иновативни решенија за забрзано проширувањето на ЕУ

Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до лидерите на ЕУ со кое предлага иновативни решенија за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан потврдува дека постои волја за проширување, прв пат после 15 години по влезот на Хрватска, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Геополитичката ситуација во светот го наметна проширувањето како приоритет и потреба, вели Филипче

Ако се работи да се направи нов пакет, освен земјите од Западен Балкан, Црна Гора и Албанија веќе одат напред, а се зборува и за Молдавија и Украина. Очигледно е дека има движење и ние не смееме да го испуштиме тој воз. Тоа што треба да го направиме е веќе на маса. И ние можеме да се обединиме само околу тоа што треба да се направи за да ги почнеме преговорите со ЕУ и да ги отвориме поглавјата. Сè друго е само изговор, вели филипче.

Од Владата  го поздравуваат секој предлог за забрзување на процесот на проширување на ЕУ,  внимателно ги следат сите иницијативи кои имаат за цел забрзување на европската интеграција на регионот. Секој процес треба да биде заснован на јасни критериуми, кредибилитет и почитување на европските вредности, истакнуваат од Владата.

Нашиот став останува дека Македонија заслужува предвидлив и достоинствен европски пат, без билатерални условувања, при што напредокот треба да се вреднува врз основа на спроведените реформи и усогласувањето со европското законодавство и политики. Како Влада остануваме целосно посветени на реформската агенда, владеењето на правото и усогласувањето со заедничките политики на Европската Унија, со цел обезбедување побрза и суштинска интеграција на државата во европското семејство, соопштија од владата.

Мерц предлага нова динамика за проширување на Унијата. Балканските земји да добијат статус на набљудувач во европските институции, заеднички седници со Европската комисија и Европскиот парламент, привилегиран пристап до внатрешниот пазар на ЕУ. За Украина предлага т.н. асоцијативно членство кое би значело учество во работата на институциите без право на глас.

За украинскиот претседател Зеленски ваквиот предлог е неправеден. „Украина да биде присутна но да остане безгласна. Сега е вистинскиот момент да се напредува по прашањето за полноправно на земјата“, напиша Зеленски во официјалното писмо до лидерите на Европската Унија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе