Вести Свет Топ вести

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува. САД во моментот го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО мора да преземе поголема улога во европската одбрана.

„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, како и на нашите односи со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Трамп го прими Навроцки во Белата куќа во мај минатата година, давајќи му клучна поддршка пред изборите во Полска на кои Навроцки го победи кандидатот од проевропската центристичка партија на премиерот Доналд Туск. Во септември американскиот претседател повторно се сретна со него во Белата куќа, кога најави можно зголемување на американското воено присуство и вети сигурна одбрана за земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе