„Мета“ постигна спогодба со американски училишен округ кој го тужеше сопственикот на Инстаграм за криза со менталното здравје што предизвикуваат платформите на социјалните медиуми на компанијата кај младите.
„Го решивме овој случај пријателски и остануваме фокусирани на нашата долгогодишна работа тинејџерите да останат безбедни на интернет“, изјави портпаролот на „Мета“ за договорот.
Училишниот округ Брети тврдеше дека компаниите намерно ги дизајнирале своите платформи да предизвикаат зависност што, пак, довеле до анксиозност, депресија и самоповредување.
Од училиштето бараа 60 милиони долари отштета за борба против влијанието на социјалните медиуми врз учениците, како и програма за ублажување на последиците. Округот, исто така, сакаше компаниите да преземат мерки за намалување на зависноста што ја создаваат нивните платформи.
Околу 1.200 училишни окрузи поднесуваат слични барања, барајќи надомест за трошоците за ментално здравје.
