Вести Свет Топ вести

Четворица загинати, најмалку 35 повредени тинејџери – украински напад со дронови врз колеџ и студентски дом во Луганск

Најмалку четворица загинати и 35 повредени е билансот на нападот со дронови на украинските оружени сили врз колеџ и студентски дом во Старобељск, во областа Луганск,  соопшти Јана Лантратова, комесарка за човекови права.

„Во време на нападот, таму се наоѓале 86 тинејџери на возраст од 14 до 18 години. Според прелиминарните податоци, загинаа четири лица“, напиша Лантратова на платформата Макс, пренесува РИА Новости.

Претседателот на руската управа во областа Луганск, Леонид Пасечник изјави дека украинските оружени сили извеле напад со дронови врз академската зграда и студентскиот дом на колеџот во Старобиљск во кој се повредени најмалку 35 луѓе.

„Синоќа се случи трагедија. Украинските оружени сили нишанеа заспани, беспомони деца. Непријателските дронови ја нападнаа академската зграда и студентскиот дом на професионалниот колеџ во Старобиљск. Во моментот на напад таму се наоѓаа 86 деца на возраст од 14 до 18 години. Триесет и пет се повредени во различен степен“, напиша Пасечник на платформата Макс.

Тој додаде дека спасувачките тимови извлекле две лица од под урнатините, но и оти деца се останати во зоната на уривање, пренесува ТАСС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе