Вести Македонија Топ вести

Приведена сопственичката на кравите во Крива Паланка

Приведена е сопственичката  на кравите во Крива Паланка. Таа повторно ги спречувала вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство да ги заловат кравите. Од МВР соопштуваат дека против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова не е прв пат таа да биде приведена. Заедно со нејзината сестра и татко со месеци не им  дозволуваат на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство  да  ги одземат кравите кои со месеци прават штета на локалните жители.

За случајот отворен е и предмет во Обвинителството во Куманово но разрешница на случајот се уште нема, додека протестот на жителите за претрпените штети и закани од сопственикот на добитокот продолжуваат.

Кога последен пат екипа на ТЕЛМА беше во Крива Паланка, пред еден месец, ситацијата на терен беше непроменета

Добитокот можеше да се види по улици, дворови и ниви, каде предизвикува сериозни штети врз земјоделските посеви и директно го загрозува населението, иако со законските измени од 2023 година добитокот формално е одземен и ставен под надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Акциите за заловување често се соочуваат со отпор, а дел од животните дури ја преминаа и државната граница. Во меѓувреме, институциите си ја префрлаат одговорноста, додека жителите предупредуваат дека проблемот одамна излегол од контрола и бара итна и координирана реакција.

 

(Видео)Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка – неговите ќерки викаа на помош и се обидуваа да го ослободат од полицијата

Телма Сторија: Ескалираше деценискиот проблем со кравите во Крива Паланка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе