Вести Македонија Топ вести

Телма Сторија: Ескалираше деценискиот проблем со кравите во Крива Паланка

Десетици крави веќе речиси една деценија слободно се движат низ Крива Паланка и околните села, претворајќи го секојдневието на жителите во неизвесност и страв. Наместо во штали, добитокот може да се види по улици, дворови и ниви, каде предизвикува сериозни штети врз земјоделските посеви и директно го загрозува населението. Дел од жителите сведочат за повреди по средби со кравите, но и за постојан психолошки притисок и небезбедност.

Земјоделци остануваат без цели приноси – уништени се тони зелка, компири и други култури, што за многумина значи загуба на единствениот извор на егзистенција. Револтирани, граѓаните излегоа и на протести, барајќи итно решение за проблемот кој, како што велат, институциите со години го игнорираат.

Иако со законските измени од 2023 година добитокот формално е одземен и ставен под надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, на терен ситуацијата останува непроменета. Акциите за заловување често се соочуваат со отпор, а дел од животните дури ја преминале и државната граница. Во меѓувреме, институциите си ја префрлаат одговорноста, додека жителите предупредуваат дека проблемот одамна излегол од контрола и бара итна и координирана реакција.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе