Вести Македонија Топ вести

(Видео)Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка – неговите ќерки викаа на помош и се обидуваа да го ослободат од полицијата

Попладнево е приведен поранешниот сопственик на над 500 крави во Крива Паланка откако пружал отпор на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство  кои требало да ги одземат животните.

Видео од апсењето објави и ќерката на приведениот. На видеото се гледа како инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен за да го реализираат одземањето на кравите кои со месеци правеа штета на локалните жители.

Полицијата која е повикана на асистенција го приведува откако тој пружа отпор, а неговите ќерки викаат на помош и се обидуваат да му помогнат. По приведувањето, поареншениот сопственик Ѓорѓиевски е префрлен во полициска станица.

Денеска (02.12.2025) во село Жидилово, Крива Паланка, Полициски службеници од ПС Крива Паланка при извршување службени дејствија, односно при давање асистенција на вработени во АХВ биле попречени од лицата Г.Ѓ, А.Ѓ. и А.М.Ѓ. По преземени мерки лицата се приведени. За настанот известен е надлежен ЈО, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, потврдија за Телма од свр Куманово.

Обвинителството во Куманово за Телма потврди дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка, а од утре ќе биде разгледан случајот кога ќе добијата и официјално полициско известување. Телма минатата недела беше во селото Дубровница на протестот на жителите кои се жалеа дека имаат и животни закани од поранешниот сопственик на кравите и неговите ќерки откако тие ги пријавиле штетите на своите имоти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе