Вести Македонија Топ вести

Собрание: По скратена постапка ќе се носи предлог на закон за задолжување на земјата

Денеска во Законодавниот дом ќе се оддржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. По скратена постапка ќе се носи и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија.

Иако по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД, Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра. Односно од КФБ банката, Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Груп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH), Мерил Линч Интернешнл (Мerrill Lynch International).

Планот е средствата да се искористат за буџетски потреби, како и за финансирање на капитални расходи. Рокот за отплата на заемот е седум, со грејс период од три години.

Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10%, односно околу 4,4 %. Државата годишно ќе плаќа надоместок од 12.500 евра на агентот кој бил вклучен во овој заем, како и 1,4 отсто од вкупниот износ на заемот еднократна провизија за заемодавачите.

Во Законот за задолжување стои и дека кредитот ќе се враќа со пари од буџетот. Откако документот ќе го помине собранискиот филтер, треба да се потпише и договорот за заемот.

Претходно, Владата издаде и две еврообврзници во висина од една милијарда евра за враќање на стари долгови кои доспеваат оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе