Бизнис објектив Вести Економија Свет

Вештачка интелегенција и ласерска технологија против плевел на полиња

Вештачка интелегенција и ласерска технологија, користат фармери од Германија против плевел на полиња. Земјоделец од Дателн сега се справува со несаканите зелени површини со високотехнолошки ласер. Плевелите, кои експертите обично ги нарекуваат „придружни растенија“ или „диви растенија“, овде веќе стануваат минато поради високата технологија која се користи протв нивната појава. Тие веќе неколку месеци не се отстрануваат рачно, туку со ласер.

-Технички гледано, она што се случува овде е дека осум индустриски камери со висока резолуција ја снимаат сликата, а потоа, околу 75 сантиметри подоцна, ласерот продира. Осумте модули содржат 16 ласери кои ги отстрануваат плевелите, изјава Јоханес Вембер, ласерски оператор.

Роботите со вештачка интелигенција управуваат само со 700 метри за еден час. Тие се влечат низ полето од 3 хектари. Плевелите како што се ораче или просо се загреваат и уништуваат со милиметарска прецизност. Ласерите достигнуваат температури до 1.000 степени. По неколку дена, тие потоа венеат. Според земјоделецот, машината го постигнува она што инаку би им требало на 20 вработени цела недела. Сепак, Карстен Абенхард не отпуштил никого.

-Никој не мораше да оди. Имаме многу задачи што треба да ги завршиме на фармата, како што е бербата на карфиол, тиквички. Можеме добро да ги искористиме луѓето таму. И на крајот на краиштата, персоналот што доаѓа кај нас многу години сè уште е на работа, а ние можевме да ги дополниме дополнителните задачи што на крајот ги имаме со оваа машина, изјави Карстен Абенхард-сопственик на фарма со 190 вработени.

Не се штеди на вработени, нема  штедење ниту  на „ласерскиот плевел“. Мега-машината е развиена од компанија од САД и чинела 1,3 милиони евра. Но,  според фармерот Абенхард инвестицијата во оваа машина вреди.

-Тука сме во можност да добиеме органски моркови со подобар квалитет. Со рано отстранување на плевелите, за главната култура – со морковот – достапни се повеќе хранливи материи, повеќе светлина, а исто така и повеќе ресурси од почвата. И затоа добиваме уште повкусен и, пред сè, поран производ што можеме да им го понудиме на нашите клиенти, додаде Абенхард.

Покрај тоа, се вели дека ласерската опрема, широка шест метри, предизвикува помалку абење од другите машини. И: не бара никакви хемикалии. За овие земјоделци, вака изгледа иднината.

-Ова е најсовремена технологија бидејќи, со вештачката интелигенција и овие модерни процеси што се користат, всушност се намалува употребата на синтетички хемиски пестициди. И тоа е иднината. Одржливо производство на органски производи и органски моркови токму тука во Северна Рајна-Вестфалија, истакна Абенхард.

За жал, ласерскиот плевел сè уште не е достапен за домашни градини. Но, веќе се шири низ другите полиња во Германија. Инаку плевелот брзо се шири поради климатските промени, што создаваат идеални услови за негово растење. Тоа е отровно за добитокот и претставува директна закана за сточарите и нивната егзистенција. Ако не се спречи неговото ширење, може да доведе до трајни еколошки и економски штети.

Кристина Кузмановски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе