Вести Најважни Свет

Русија и Украина се обвинуваат меѓусeбно за стотици прекршувања на примирјето

Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за стотици прекршувања на краткото примирје за време на православниот Велигден.

Украинската војска во недела наутро соопшти дека руските сили извршиле 2.299 прекршувања откако примирјето започна во саботата по 16:00 часот по локално време.

Двете страни се согласија дека го почитуваат прекинот на непријателствата за време на верскиот празник, откако рускиот престедател Владимир Путин се согласи во четвртокот на предлогот на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Руското министерство за одбрана, пак, соопшти дека украинските сили извршиле 1.971 прекршување, вклучувајќи три обиди за контранапади во регионот Дњепропетровск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека неговата земја е подготвена да ја почитува оваа ретка пауза во непријателствата и по Велигден, што позитивно би влијаело и во продолжување на разговорите насочени кон ставање крај на четиригодишниот конфликт кои заглавија поради војната на Блискиот Исток.

Русија ја отфрли идејата, велејќи дека нејзините напади ќе продолжат во понеделник.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Експерти од скопски „Водовод“ ќе ја чистат гостиварската вода

Sasko Dimovski

ГОБ „8 Септември“ пријави голема материјална штета од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе