Вести Македонија Најважни

Без системски реформи, ќе се наруши одржливоста на пензискиот систем

Доколку не се преземат навремени и координирани структурни реформи, постои висок ризик системот за пензиска и социјална заштита да не може соодветно да одговори на забрзаното стареење на населението, заклучуваат ревизорите кои ги анализирале мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции околу грижата за старите лица на возраст над 65 години и одржливоста на пензиските фондови во земјата, а поврзано со забрзаното стареење на населението во земјата.

Демографските тенденции се исклучително неповолни и негативни – според проекциите на ДЗР бројот на лица над 65 години ќе се искачи на над 34 % до 2055 година, а бројот на лица над 80 години ќе се зголеми повеќе од шест пати во однос на состојбата во 2024 година. Работоспособното население ќе се намали за речиси половина милион лица, што дополнително ќе ги засили притисоците врз јавните финансии. Во последните години се регистрирани драстични намалувања: кај децата во прво одделение во однос на родените шест години претходно бројот на запишани во основно училиште е понизок за 2.774 ученици, а кај матурантите оваа разлика е повисока и изнесува 34,6 проценти – од 22.585 живородени / 14.771 матуранти.

Овие негативни трендови дополнително ќе влијаат врз одржливоста на пензискиот систем.

Ревизорите утврдиле дека иако пензиите се исплаќаат навремено,  одржливоста на пензискиот систем е нарушена поради неповолните демографски трендови, ниската стапка на придонеси, како и зголемувањата на пензиите кои не се засновани на раст на платите, вработеноста и придонесите. Долгорочниот дефицит во првиот столб се покрива со се поголеми трансфери од централниот буџет кои, според ревизорите, во 2024 година достигнале историски највисоки 690 милиони евра со очекувања за пораст од над 800 милиони евра за 2025 година.

Извештајот потсетува дека во текот на 2024 и 2025, висината на пензиите се зголемија линеарно неколкупати што не е проследено со зголемување на платите на осигурениците и зголемување на бројот на осигуреници кои плаќаат придонеси. Просечната пензија бележи раст за целиот период и во октомври 2025 достигнува околу 27.143 денари, но, овој раст се финансира и со буџетски трансфери.

И покрај усвоените стратешки документи, имплементацијата не е задоволителна, односно не се  преземени потребни системски мерки за намалување на брзото демографско стареење на населението и намалувањето на притисокот врз јавните финансии.

Наведената состојба според ревизорите упатува на итни системски реформи – вклучително зголемување на возраста за пензионирање, прилагодување на стапките на придонеси, ревизија на моделот за усогласување на пензиите, диверзификација на инвестициите во вториот столб, како и зголемување на капацитетите за услуги кон старите лица.

Мемов: Законот не предвидува дека со плаќање на придонеси за здравствено осигурување ќе се стекнат со право на здравствено осигурување кога ќе се пензионираат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе