Вести Најважни Свет

Интензивирање на дипломатските напори за примирје со Иран

На Соединетите држави и Иран им бил презентиран рамковен план за примирје, но тој падна во вода уште пред да биде објавен, затоа што Иран веднаш го отфрли едниот од двата негови централни столбови, објави Ројтерс цитирајќи неименувани извори. Исламската република одбива да го одблокира Ормускиот теснец во замена за прекин на огнот.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во исполнета со вулгарности објава на социјалните мрежи на иранскиот режим му постави уште еден ултиматум, да го отворан теснецот за поморски транспорт до утре вечер еден час после полноќ, во спротивно во Иран нема да остане ниту една електрична централа и ниту еден мост.

Трамп досега повеќе пати ги одложуваше поставените ултиматуми за Иран, а наредниот ден по објавувањето на последниот, во интервју за Фокс се чинеше дека претседателот ја омекна реториката изразувајќи надеж дека има простор за постигнување договор, иако во продолжение рече дека размислува сѐ да уништи и да им ја земе нафтата.

„Трамп е нестабилна, заблудена фигура обележана со серија контрадикторности. Иранското општество генерално не им обраќа внимание на неговите изјави, бидејќи е убедено дека му недостига личен и вербален баланс, затоа што постојано ги менува своите ставови“, изјави Сајед Реза Салихи Амири, министер за култура на Иран

Во меѓувреме, израелските власти соопштија дека во воздушните напади врз Техеран во текот на ноќта го ликвидирале шефот на разузнавачката служба на Исламската револуционерна гарда.

„Терористичкиот режим во Иран продолжува да лансира ракети кон Израел и да убива недолжни израелски цивили. Бев информиран од Шефот на Генералштабот дека синоќа во Техеран Израелската армија го ликвидирала Маџид Хадеми, шефот на разузнавачката организација на Револуционерната гарда, еден од директно одговорните за овие воени злосторства и една од трите највисоки фигури во организацијата“, рече Израел Кац, министерот за одбрана на Иран.

И покрај фактот што американскиот претседател често пати го менува својот став во врска со војната, заострувањето на неговата воинствена реторика не смее да се занемари. Војната трае веќе шест недели а нејзиното продолжување се заканува да нанесе катастрофална штета на глобалната економија.

И додека земјите посредници како Пакистан, Турција и Египет вложуваат интензивни дипломатски напори, нападите ширум Заливот продолжуваат. Исламската република покрај нападите врз Израел, повторно ги таргетираше Обединетите арапски емирати, чија противвоздушан одбрана пресретнала ирански дронови упатени кон индустриската зона во Абу Даби, и инфраструктурата на еден од двата телеком оператори во земјата. Ирански дронови пресретнала и саудиската противвоздушна одбрана.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе