Трагичен инцидент се случи на стадионот „Алехандро Виљануева“ во Перу, каде најмалку едно лице го загуби животот, а 47 други се повредени во пресрет на големото дерби помеѓу екипите на Алијанса Лима и Универзитарио.
Несреќата се случилa пред натпреварот, кога голем број навивачи биле собрани на трибините.
Според министерот за здравство, повредените биле пренесени во болници низ главниот град Лима, при што неколку лица се во критична состојба.
Првичните информации укажуваа на можен структурен проблем на стадионот, но подоцна надлежните служби и клубот ги демантираа тие тврдења, истакнувајќи дека не дошло до уривање на трибини или ѕидови.
Причините за инцидентот сè уште се утврдуваат, а властите најавија целосна истрага.
