Вести Македонија

„Викајте полиција, ќе ја убие мајка ми“ – малата Катја ги молела соседите за помош

Соседите на Ивана биле сведоци на насилството кое таа во континуитет го трпела од својот сопруг Стојанче Јовановски и  неколку пати го пријавувале во полиција.

На судењето денеска ова го сведочеше мајката на Ивана, Љубица Стојановска која рече дека при  еден ваков иницидент, малата Катја – ќерката на Јовановски,  истрчала од станот и почнала да вика по соседите барајќи помош.

„Викајте полиција, татко ми ќе ја убие мајка ми“ – викала Катја, според сведоштвото на мајката. По извесно време и Ивана успеала да избега од станот и помош да побара од соседите.

Ова не бил прв инцидент на Стојанче пријавен во полиција. И неговата мајка го пријавувала во полиција за насилството што го вршел врз Ивана.

Стоајновска кажа и дека  Стојанче имал тешко детство и нарушени односи со неговите родители, кои ги обвинувал дека се неморални. Според нејзиниот исказ тој ја тепал и мајка си. Малтретирањето на Ивана било не само дома, туку и на работното место – Стојанче ја посетувал на работа, и се заканувал, и ги одземал мобилните телефони…

Во сведочењето, мајката зборуваше за секојдневното насилство кое го трпела нејзината ќерка. Посебно емотивно беше сведоштвото за инцидентот кој се случил лани кога при враќање од Штип, Стојанче се налутил, ги извадил Ивана и Катја надвор од автомобилот и откако ја изнатепал Ивана, ги оставил  неа и детето сред автопат.

Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Стојаноска  на денешното судење призна вина за две дела – нанесување на тешки дела и загрозување на сигурноста. Но за третото дело „наведување на самоубиство“ рече дека не е виновен

Судијата не го призна признанието на вина бидејќи сметаше дека не е доброволно дадено.  Јовановски претходно, во својот исказ пред Судот кажа дека бил принуден да признае вина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за трговија со дете

Kristina Kuzmanovski

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

Kristina Kuzmanovski

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе