Вести Свет

Кнесетот ќе гласа за закон за задолжителна смртна казна за Палестинците осудени за убиство на Израелци на Западниот Брег

Израелскиот парламент денеска започна дебата за предлог-закон со кој смртната казна би станала стандардна казна за Палестинците од Западниот Брег осудени за убиство на Израелци.

Усвојувањето на законот би претставувало кулминација на долгогодишните напори на израелската екстремна десница да ги заостри казните за Палестинци осудени за националистички напади врз Израелци — и победа за еден од најекстремните членови на кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, лидер на религиозната партија што го предложи законот.

Според Звика Фогел, претседател на Комитетот за национална безбедност, предложениот закон за смртна казна не бил воден од одмазда или гнев, туку од „одговорност“.

„Ова е закон на одговорност; одговорноста на државата кон своите граѓани, одговорноста на лидерството кон човечкиот живот.“

Противниците на законот го нарекуваат предлогот расистички, драконски и малку веројатно дека ќе успее да ги спречи нападите од палестинските милитанти.

Предлог-законот предвидува смртната казна да стапи во сила во рок од 30 дена, иако организациите за човекови права се очекува да поднесат жалба до Врховниот Суд на Израел.

„Не донесувајте закон што е во спротивност со нормите на меѓународното право што Израел ги има прифатено,“ изјави опозицискиот пратеник Гилад Карив.

„Ова е добра можност да ве потсетам дека вашиот одвратен закон предвидува смртна казна за арапски терористи, но не и за еврејски терористи,“ додаде тој.

Токму тоа е најголемиот проблем на предлог-законот на екстремната десница. Во последните неколку години, бројот на инциденти на Западниот Брег драматично се зголеми, но станува збор за насилство кое го вршат еврејските доселеници или припадниците на израелските одбранбени сили.

Од октомври 2023-тата година до март оваа година, во бројни напади досега биле убиени повеќе од 1000 палестинци, од кои над 200 се деца.

Истовремено, израелските доселеници ги напаѓале куќите на палестинците, кои често биле опожарени, уништувани биле нивните автомобили, насадите со маслинки и луѓето присилно биле иселувани од своите домови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе