Со тупаници, шамари и клоци по целото тело, 45 годишен охриѓанец го тепал неговиот 10 годишен син, а во еден момент го фатил детето за коса и така го подигнал од подот, соопшти Oбвинителството кое сега го гони за 3 кривични дела. Охриѓанецот имал и активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца. Но, и покрај тоа во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга.
„Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор“, соопшти Oбвинителството.
Охриѓанецот се гони за нанесување телесна повреда, загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука.
