Вести Македонија Најважни

Намалени акцизи наместо ДДВ, цената на нафтата клуч за бизнис секторот

Намалување на акцизите за гориво наместо ДДВ-то, субвенции за фирмите за транспорт чие работење директно ја диктира цената на производите и обезбедување на доволни количини нафта како гаранција за предвидливост се дел од барањата на бизнис секторот за справување со последиците од поскапувањата предизвикани од судирот меѓу на Блискиот Исток. Граѓаните тврдат дека забележале поскапување на неопходните производи и бараат од Владата конкретни чекори и мерки за стабилизација.

Компаниите се соочуваат со нова криза по пандемијата и енергетската и повторно не се доволно добро подготвени, сметаат од бизнис секторот кој е дециден дека фактот што Македонија е увозно зависна државава е дополнителен проблем

„Можеби посериозно намалување на акцизата наместо ДДВ-то, ќе беше исчекор во кој драстично ќе имавме подобрување и овие се краткотрајни мерки. Мора да размислување за штедењето и намалување на трошоци. Прво ќе бидат потрошувачите (на удар), бидејќи во производството, во доставата, во логистиката, во храната, во услугите… Тоа ќе биде неминовно и ќе се случи“, вели  Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација. 

Субвенции на компаниите кои вршат транспорт и кои директно влијаат на цените на производите е едно од решенијата што ги нуди бизнис секторот кој предупредува дека веќе има алармантен растот на цената на вештачките ѓубрива кои се исклучително потребни овој период.

„Иако цената на нафтата е покачена, тоа е нормална работа, не зависи од нас и е веќе светски тренд. Тука не можеме да се бориме. Очекуваме Владата да оди со дополнителни мерки за стопанството да може полесно да го преброди овој удар и кризен момент на начин што ќе се намали цената на услугата и нема да има влијание на инфлацијата. Во соодветните субвенции, односно субвенционирање на цена на нафта на транспортни организации кои се директно засегнати. Ние велиме дека имаме покачување на цените во маркетите. Тоа е нормална состојба. Македонија е увозно зависна држава за храна, веќе не произведуваме ни половина од потребите. Ова е увозна инфлација која ќе ја има кај нас“, рече Ромео Костадинов од Сојузот на стопански комори. 

Граѓаните велат дека има зголемување на цените, особено на млечните производи но и кај маслото за готвење и јајцата како и дека очекуваат Владата да преземе конкретни чекори за стабилизација на цените.

„Поевтинување нема, има поскапување..Треба барем производите кои се за прехрана да бидат поевтини. Јајцата поскапеа, маслото поскапе“, вели еден граѓанин.

„Покачени се млечните производи, кашкавал, сирење“, ни изјави друг граѓанин.

„Ако цената на нафтата оди горе, ќе поскапат и прозводите“, коментира друг граѓанин.

Цената на нафтата од утрово се движи околу границата од 100 американски долари за барел поради нема нагли скокови во тргувањата на светските берзи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Направил обрач со бензин и ја потпалил депонијата во Кочани – додека не се изгасне целосно, ќе има рестрикции во собирањето на сметот

Sonja Petrusevska

Медијаторите со нов обид за дипломатските излез, додека нападите меѓу САД и Иран продолжуваат

Igor Trajkov

Директорката на ЈП Комуналец Гостивар е во полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе