Утрешното рочиште за обвинетите 9 полицајци за злоупотреба на службена положба и овластување за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се одлага по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Судењето е одложено со оглед на фактот дека обвинителката Ивана Алексова Трајчева која ја водеше истрагата и случајот се уште не е реизбрана на нејзината функција. Советот на јавни обинители треба да заседава по изборот на нов шеф на државното обвинителството Ненад Савески.
На огласот за обвинители во ОЈО ГОКК пријавни се 10 кандидати, а меѓу нив е и обвинителката Ивана Алексова Трајчева која поднесе три обвиненија за полицајците поврзани со Пулс. И претходното рочиште за обвинението против тројцата полицајци што произлегува од постапувањето по контроли поврзани со „Пулс“ кое беше закажано за 18 март се одложи од истата причина.
