Вести Македонија

Пијан превезувал дигалка на товарно возило, уапсен е утринава на автопатот Скопје – Велес

Утринава околу 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки.

Тој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од 1,81 промили.

Против 62 годишниот возач ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило, и вршење на вонгабаритен превоз без одобрение.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензинот поскапува 3 денари, дизелот шест денари

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе