Вести Македонија Топ вести

Филипче: Храната поскапува, потребни се дополнителни мерки

Претседателот на СДСМ венко Филипче апелираше владата да ги прифати нивните мерки за намалување на ефектите од поскапувањето  со „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари.

„Порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. Поскапени се основните прехранбени производи јајцата, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а знаеме дека кога тие продукти еднаш ќе поскапат назад цените нема да се вратат“, рече Филипче на прес конференција.

Филипче ја повика власта дополнително  да донесе и пакет мерки за одредени категории на граѓани, по примерот на земјите од регионот, како што се посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со симптоми на труење во Гостивар жители се уште бараат лекарска помош

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша добија син, прво бебе за актуелeн потпретседател на САД по 156 години

Kristina Kuzmanovski

Велика Британија има нов премиер, Бернам најави нов политички и економски модел

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе