Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.
Полнењето гориво на бензинските пумпи привремено е ограничено на 50 литри дневно за приватни возила и 200 литри за компании и други приоритетни корисници, како земјоделците, објави премиерот Роберт Голоб. Ограничувањето ќе остане во сила до следното известување на владата.
–Сакам да ве уверам дека има доволно гориво во Словенија, магацините се полни и нема да има недостиг од гориво, кажа Голоб.
Според владата најголемата словенечка компанија за дистрибуција на нафта „Петрол“, во која државата има 32,3% удел, не ги елиминирала прекините во дистрибуцијата на гориво, поради што наредена е истрага за можни прекршувања во трговијата со гориво и во управувањето со критичната инфраструктура.
„Петрол’ ги отфрли обвинувањата и кажа дека проблемите на некои продажни места се исклучиво резултат на ненадејното зголемување на побарувачката во последните денови.
На помош на трговците на мало ќе биде повикана војската за трговците да можат да ги преместат залихите.
