Вести Свет Топ вести

Трамп: Путин му помага на Иран, па и ние ѝ помагаме на Украина и тој го гледа тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ ги коментираше наводите дека рускиот претседател му доставува локации на војниците на САД на Блискиот Исток на Иран. Тој оцени дека тоа е можно и таквиот потег го поврза со американската помош за Украина.

Запрашан дали Путин му помага на Иран, Трамп одговори:

„Мислам дека малку им помагаат, да, претпоставувам“.

Својата претпоставка веднаш ја обрзаложи со контрапрашање:

„А, веројатно мисли на тоа што ние ѝ помагаме на Украина, зарем не?“.

Кога водителот забележа дека САД навистина ѝ помагаат на Украина, Трамп продолжи:

„Да, и ние им помагаме и тој го гледа тоа. Знаете, Кина би кажала иста работа. Нешто како „еј ,тие го прават тоа, па и ние го правиме тоа, да бидеме чесни““.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе