Вести Економија

Министрството за финансии: Измамнички практики користеле и финансиските друштва

Измамнички практики користеле и финансиските друштва, соопшти министрството за финансии кое извршило надзор врз нивното работење.

Констатуирани се прекршоци на законот за заштита на потрошувачите како рекламирање без камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци, рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, финансиско друштво користело повеќе веб страни како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

Од финансии соопштија дека кај друштвата кај кои се констатирани прекршоци е наложено да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе