Вести Економија Македонија Најважни

Дизелот поскапи за 14, 5 денари, Владата за сега не гледа потреба од мерки

Премиерот Мицкоски во моментов не гледа потреба од прогласување на кризна состојба и покрај ризици кои постојат поради состојбата на Блискиот Исток, која донесе нови повисоки цени на горивата. Дизелот поскапи за 14, 5 денари, а бензините за 5 денари. Пред два дена Мицкоски кажа ако има драстичен скок на цената на горивата ќе се интервенира. Но, во моментов не гледа потреба од такво нешто, со образложение дека и по поскапувањето земјава има најевтини деривати.

Во моментов не гледаме потреба до прогласување на кризна состојба. Во регионот имаме граѓаните имаат најевтин дизел а исто и бензин 98 октани и 95 октани, изјави премиерот Христијан Мицксоки

Денешното зголемување на горивата, вчера ги наполни бензиските. Таква состојба беше забележан и во некој земји од регионот. Од пазарен инспекторат не констатирале  дека се крие гориво на бензиските пумпи.

Е увидено дека на 30 тина бензиски ги истрошиле залихите престанале со точење меѓутоа по час два може би и четири часа по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво, соопшти директорот на ДПИ, Влатко Стојковски

Регулаторна ќе продолжи на седум дена да објавува нови одлуки за цените на горивата. За сега нема да има промени со кои би можело да се прави корекција на дневна основа.

Едни од мерките со кои може да се интервенира ако состојбата дополнително се влоши е да се намалат давачките за увоз на енергенси. Колку би се намалиле приходите ако дојде до ситуација да треба да се спушти  ДДВ то од 18 на 10 отсто, УЈП не располага со такви податоци.

УЈП е извршен орган и тоа се мерки проценки кои ги прави Владата и а кракот какви ќе бидат мерките изразени преку законски решенија и други акти ние само ќе ги спроведеме меѓутоа и прашањето не може да се адресира до УЈП, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова

Од пазарна уверуваат дека од денеска почнуваат и со контроли по маркети, кај увозници и кај дистрибутерите. И премиерот кажа дека сака утре да се сретне со нив и да разговара да не се користи сегашната состојба и веднаш да ги зголемат цените.

Цената на нафтата на берзите се движи над 90 долари за барел. Намалување има во однос на вчерашните износи, но сепак е повисока од пред стартот на воениот конфликт на Блискиот исток. Поради ситуацијата дел од соседите, Србија го забрани извозот на нафта и деривати.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе