Вести Економија Најважни Свет

Паднаа цените на нафтата на светските пазари

Цените на нафтата на светските пазари паднаа за време на раното тргување во Азија, откако претходно во понеделникот достигнаа речиси 120 долари за барел поради растечките тензии на Блискиот Исток.

Пазарите реагираа на изјавите на Трамп дека конфликтот со Иран би можел да заврши „прилично брзо“, иако воени операции сè уште се во тек.

Американскиот претседател упати остро предупредување до Иран дека САД ќе одговорат „дваесет пати посилно“ доколку Техеран го блокира поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец — клучна рута низ која минуваат околу 20% од светските испораки на нафта.

Трамп порача дека во таков случај ќе следуваат „смрт, оган и бес“, но додаде дека се надева оти тоа нема да се случи. Меѓувреме, Техеран предупреди дека нема да дозволи „ниту еден литар нафта“ да се извезува од регионот ако продолжат нападите на САД и Израел.

Тензиите дополнително се зголемија откако Моџтаба Хамнеи беше избран за нов врховен лидер на Иран, во период кога земјата се соочува со една од најголемите политички и безбедносни кризи во последните децении.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе