Националната асоцијација на туристички агенции ги повикува сите граѓани кои имаат закажано патување кон Кипар да не го откажуваат. Објаснуваат дека нема потреба од паника бидејќи таму нема воена или вонредна состојба.
- „Летовите се реализираат, хотелите работат нормално, а туристичките активности се одвиваат непречено. Постои препорака од Министерството за надворешни работи за воздржаност од патување. Но, не постои никаква официјална забрана“ -Александар Чулевски, НАТА.
Објаснуваат дека летовите продолжуваат, ама патниците поради воениот конфликт на Блискиот исток ги откажуваат патувањата.
Поради тоа пропаѓаат парите за авионските карти на штета на патниците и туристичките агенции, бидејќи компаниите ги враќаат парите само доколку тие го откажат летот.
- „Првиот судир беше на 2-ри март кога авионот полета и одреден дел туристички агенции имаа патници. Тие средства пропаднаа. Сега во сабота има слична ситуација и за тоа ќе информираа надлежните како да се реши проблемот“ – Ана Марија Алексова Малева, претседател на НАТА.
Очекуваат да одржат разговори со Министерството за надворешни работи и за туризам и култура за да седнат и да најдат решение на проблемот. Дополнија дека тие имаат резервации за до крајот на пролет, а најголем дел од нив се во Кипар како туристичка дестинација.
Тамара Марковска
