Балкан Вести Свет

СЗО: Досега биле регистрирани 13 напади на здравствениот систем на Иран

Директорот на светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека СЗО досега потврдила 13 напади на здравствениот систем во Иран и уште еден во Либан, од почетокот воените напади на САД и Израел.

Тој сепак не сакаше да шпекулира кој е одговорен за овие напади или да обезбеди повеќе детали.

Во понеделникот, членот на иранската парламентарна здравствена комисија, Фатемех Мохаме Беижи, изјави дека девет болници биле погодени во Иран, обвинувајќи ги Израел и САД дека ги таргетирале.

Во однос на обвинението за таргетирање на болницата Ганди во Техеран, Израелските одбранбени сили, соопштија дека оваа болница не била цел на напад, додека и портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит, соопшти дека вооружените сили на САД не ги таргетираат цивилите.

Но, властите во Иран соопштија дека во координираното жестоко американско-израелско бомбардирање досега биле убиени над 1230 луѓе, најголем дел од нив цивили.

Најужасниот инцидент се случи во провинцијата Минаб, каде во ракетен напад на основно училиште за девојчиња, биле убиени меѓу 160 и 180 лица, огромен дел од нив девојчиња на возраст  од 7 до 12 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе