Цената на нафтата продолжува да расте, со барел Брент кој достигна над 84 долари, додека американската сурова нафта се искачи на 76,8 долари. Растот се должи на војната меѓу САД и Израел против Иран, која го прекина извозот на енергенси од Блискиот Исток и предизвика забрана на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Ирак, вториот најголем производител на нафта во ОПЕК, ја намали дневната продукција за речиси 1,5 милиони барели, а официјални лица предупредуваат дека земјата може целосно да го запре производството од три милиони барели ако извозот не продолжи. Иран исто така ги нападна танкерите низ теснецот, што дополнително ја зголеми несигурноста на пазарот.
САД од друга страна пак најавуваат дека американската морнарица ќе се крижи за безбедноста на трговската рута. Меѓувреме, земјите како Индија и Индонезија бараат алтернативни извори на енергија, додека кинеските рафинерии го прилагодуваат својот план за одржување.
T.Д.
