Вести Македонија Топ вести

Министерството за социјална политика изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските.

Постапувајќи согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.

Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.

Во однос на пријавено насилство, допис од Министерството за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од 19.12.2025 година, за сторен прекршок  против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата.

Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон.

Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита, соопштуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство дигна „Црвено знаме за целиот систем!“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе