„По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ. Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата“, рече на денешната прес- конференција на ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
- За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници, рече тој.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
