На 53-годишна возраст почина американскиот актер Ерик Дејн, по компликации од амиотрофична латерална склероза, болест позната и како Лу Геригова болест.
Тој ја објави дијагнозата во април минатата година, а во изминатиот период јавно говореше за состојбата и се залагаше за подигнување на свеста за болеста.
Дејн беше најпознат по улогата на доктор Марк Слоун во серијата „Grey’s Anatomy“, каде настапуваше од 2006 до 2012 година, а подоцна накратко се врати и во 2021 година.
Публиката го гледаше и во серијата „Еуфорија“, каде го толкуваше ликот на Кал Џејкобс. Зад себе ги остави сопругата, актерката Ребека Гајхарт, и двете ќерки.
Неговите претставници соопштија дека последните денови ги поминал опкружен со семејството и најблиските пријатели.
