Балкан Вести

(Видео) Невреме во Грција-поплавени домови, лизгање на земјиштето голема материјална штета

Бурата во Грција предизвика поплави, лизгање на земјиштето, а особено беа загрозени крајбрежните населби каде што беа пријавени големи материјални штети

Урагански ветрови, посилни  и од 100 км/ч, го погодија подрачјето на Јонското Море, Крит и Егејското Море. Националната метеоролошка служба регистрираше налети на ветер од 110 км/ч на Крф – уништени се дрвја, а на неколку локации е регистрирана и помала штета на инфраструктурата.

Западниот дел на Пелопонез се бори со сериозни поплави откако реката Пинеос се излеа од коритото, поплавувајќи обработливо земјиште и патишта. Службите за итни случаи објавија дека ситуацијата во одредени села е сè уште многу сериозна. Генералниот секретаријат за цивилна заштита прогласи црвен аларм за споменатите области , пишува Прототема.

Во Солун, неколку автомобили беа заглавени во водата, а беше пријавена и крајбрежни поплави, како и оштетување на патиштата, што доведе до делумно прекинување на сообраќајот.

Метеоролозите предупредуваат дека земјата е веќе заситена со вода и дека дури и умерените врнежи од дожд би можеле да предизвикаат повеќе лизгање на земјиштето и поплави.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе